Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.
Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а дневната од 10 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Во среда ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а во четврток од северен правец.