Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер, попладне локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.
До четврток ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок ќе биде посончево и потопло со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.