Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец.
Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната температура од 18 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 27 степени.
Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.