Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Од УХМР најавија дека во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Најстудено утрово беше во Берово со измерени 4 степени Целзиусови, додека со 13 степени најтопло е во Демир Капија.
Во Лазарополе утрово беа измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци, 11 степени во Гевгелија, Крушево и 12 степени во Виница.
Од УХМР информираат дека во изминатите 24 часа до 8 часот наврнало 5 литри на метар квадратен дожд во Лазарополе, 4 во Охрид и Дебар, а 1 литар на метар квадратен во Маврови Анови, Претор и Штип.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Дува слаб, на повисоките места умерен ветер од јужен и југозападен правец.