Времето во Македонија ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура ќе се движи од 17 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност, во понеделник попладне, во текот на ноќта и во
вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат
поројни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Преодно стабилизирање на времето се очекува во среда.