Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степени.
Услови за локален дожд ќе има во недела попладне претежно во јужните делови, а ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, врнежливо во поголем дел од земјава ќе биде во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда, кога ќе дува засилен северен ветер, а тоа ќе услови опаѓање на дневната температура во среда