Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

И во среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Во Берово е измерена најниска температура ова утро – само 1 степен. Четири степени се евидентирани во Лазарополе, 5 во Крива Паланка и Битола, 6 во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, 7 во Прилеп, Дебар, Куманово, Велес, Попова Шапка, 8 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, Кавадарци, додека 9 во Виница, а 10 во Гевгелија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).