Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

УХМР информира дека следува период на топло време. Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: МИА архива