Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во вторник и среда.