Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.