Утрото ќе биде ведро и студено со негативни температури. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната од 10 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и потопло со пораст на температурите на воздухот. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во среда.