Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од три до десет степени, а дневната температура од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 26 степени.
Следува период на значително потопло време. Утре и во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.