Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температур аќе се движи од осум до 16 степени, а дневната температура од 20 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 24 степени.
Следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура.