Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температур аќе се движи од 19 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 28 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник.