Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.