Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 20, а дневната од 28 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 15, а дневната ќе достигне 32 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој до четврток ќе биде северен, а потоа јужен. Во петок и сабота ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во брз пораст, а потоа нема многу да се менува.