Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 28 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и ветровито умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

И во среда ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура дополнително ќе се намали. Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст, а за време на викендот се очекува попладневна нестабилност со локален дожд и грмежи.