Времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 л/м2). На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер (над 60 км/час) и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.

И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.