Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималните температури ќе се движат од од 11 до 19 степени, а максималните од 26 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата од 15 до 31 степен.
Под влијание на топла воздушна маса од југ и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.