Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.