Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје  сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.