Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 0, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд.