Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а попладне во крајните западни делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а максималната од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.
Стабилно и суво време со пораст на дневните температури ќе има до петок кога ќе биде топло, но се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во западните делови. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но со помал интензитет.