Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 39 степени.
Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен.