Времето во Република Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег.

Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од минус 1 до 8 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег.  Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.