Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 26 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне сончево, преку денот потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 32 степени.
До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.