Времето во Македонија ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната температура од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 34 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината. Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура осетно ќе се намали.