Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Наредните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Утрово во Берово беше најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Крушево е најтопло со 6 степени. На Попова Шапка висината на снежната покривка е 19 сантиметри.

Во Битола се измерени -4 степени Битола, -3 Струмица, -2 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 степен во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 степени во Охрид, Куманово, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 Попова Шапка и 4 степени во Виница.