Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Под влијание на циклонска активност денеска и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.
На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.