Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9
Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 34 степени.
Следува период на претежно сончево и топло време. Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.