Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Од претпладне, особено на запад ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне повремен дожд ќе има и на североисток, а до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарие.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 21 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Од недела следува период на претежно суво време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието.