Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот од југ ќе се прошират слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Пооблачно ќе биде во втората половина од денот. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.