Времето наутро во Македонија ќе биде ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.