Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Изутринава во западните делови е умерено до значително облачно, а во источните претежно сончево. Дуваше слаб променлив ветер. Најастудено беше во Лазарополе – 3 степени, во Берово и Попова Шапка -2, во Маврови Анови и Крива Паланка – 1,во Охрид, Претор и Крушево 2, во Битола и Дебар 3, во Тетово, Штип, Демир Капија и Виница 4, во Прилеп 5, во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија и Куманово 6, во Дојран 7 и во Скопје-Зајчев Рид 8.

Во Маврови Анови е измерена снежна покривка од два сантиметри.