Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
И во текот на следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.