Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степенa.
Најмногу дожд вчера наврнало во Охрид шест литри на метар квадратен.