Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, која преку денот ќе се намали и со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Денеска и во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата
Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла утрово има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и Македонски Брод – Кичево и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Нјастудено во Берово со минус 5 степени
Најниска температура од -5 степени Целзиусови, утрово е измерена во Берово. Следи Тетово со -4 степени, -3 во Штип и Прилеп, -2 Битола, Лазарополе, -1 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 0 Виница, Претор, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Дебар, 2 Попова Шапка, 3 Охрид, Гевгелија, Крушево и 5 во Дојран.
Утрово по одделни котлини и долж Повардарието има појава на магла или ниска облачност.
Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во претпладневните часови и вдолж Повардарието што ќе влијае на ослабување на маглата особено во делови од Повардарието и кон исток. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот краткотрајно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.