Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Утре под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер со брзина над 70 километри на час.
В сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.