Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови. Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ, што ја пренесуваме интегрално.
Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема што да понудиш, единствено што останува е да измислуваш.
Ако продолжат вака, нивните најдобри денови навистина ќе останат оние кога светлата во Бихаќка се исклучени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




