Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, призна дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но рече дека ситуацијата е под контрола.
– Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана, изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер.
Залужни додаде дека непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот. Во исто време, непријателот секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција.
Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули.
– Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка“, рече Залужни. Тоа е борбен фронт западно од Доњецк, долг 25 километри.