Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на 1-ви јули нема да оди во затвор на издржување на казната за случајот „Тенк“.
Врховен денеска го уважил барањето да и се одложи затворската казна и решението го испратиле до Кривичниот суд, се додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
– Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд, соопштуваат од судот.