Цариградската Патријаршија денеска соопшти дека ќе почне процес за давање независност на црквата на Украина во однос на Руската православна црква. Таа одлука е соопштена по денешната редовна седница на Синодот.
Од Цариградската Патријаршија соопштуваат дека се укинува одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската Патријаршија.
Со укинивањето на таа одлука Цариградската патријаршија полага право врз Украинската црква.
Прес секретарот на патријархот Кирил изјави дека оваа одлука е легализација на расколот и дека претставува катастрофален потег со кој се преминува црвената линија.
Руската православна црква фактички ги прекина дипломатските односи со Цариградската патријаршија, пишува Спутник.
Претседателот на Украина Порешенко изјавил дека Цариградската Патријаршија донела одлука за автокефалност на Украинската црква. Одлуката е донесена изјавил Порошенко на новинарите во Киев.
-Тоа е пад на третиот Рим, рече тој, додавајќи дека Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите концесии. Украинската црква веќе стотици години е врзана за Московската Патријаршија, но Киевската Патријаршија се отцепи од Москва во 1992 година по падот на Советскиот Сојуз.