Втор репрезентативец на Англија се најде во центарот на скандалот поврзан со кокаин, објавија британските медиуми. откако е виден од страна на жена како влегува и излегува од тоалет за време на Божиќната забава. Жената тврди дека пријатели на фудбалерот и понудиле и на неа дрога.

Репрезентативецот е и ѕвезда во Премиер лигата и бил исфрлен од клубот, затоа што бил толку пијан, што не можел да стои на нозе.

– Неколкупати ми беше понудено да пробам дрога. Играчот не можеше да се контролира себеси и постојано влегуваше и излегуваше од тоалетите. Се чинеше дека сите се под влијание на кокаин, објаснува сведокот за „Сан“.

Вчера, истиот таблоид објави дека уште еден англиски репрезентативец бил виден од страна на соиграч како шмрка кокаин.