Баерн Минхен го казни својот играч Френк Рибери поради испадот на социјални мрежи.

– Користеше зборови кои ние во Баерн на можеме да ги прифатиме и кои Френк никогаш не може да ги користи како пример, како играч на ФК Баерн. Вчера долго разговарав со него и му реков дека ќе добие тешка казна. Тој ја прифати казната, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ на тренинг камп во Доха.

Тој нагласи дека казната ќе биде парична.

Рибери во петокот навечер во познат ресторан во Дубаи се пофали со оброкот – златен бифтек што чини 1.200 евра – и тоа не им се допадна на неговиоте пријатели на социјални мрежи кои го критикуваа неговиот начин на живот.

Тогаш следуваше простачки одговор од Рибери: „Да почнеме од љубомората и „хејтерите“ кои постојат затоа што кондомот имал дупка. Да ви ги е..м мајките, бабите и целото семејно стебло. Ништо не ви должам. Мојот успех е пред се благодаение на Бога, на мене и на моите најблиски кои веруваа во мене. Останатите, небитни сте“,  напиша Рибери.