Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи на РПЦ утре доаѓа во Скопје. Посетата на митрополитот за Сител ја потврди владиката Тимотеј. Информацијата ја пренесоа бугарските медиуми а од МПЦ ОА се чува како строга тајна. Единствено се знае дека средбата ќе биде со поглаварот г.г Стефан и ќе се одржи некаде во главниот град, но на чија покана доаѓа и која е целта од Архиепископијата не откриваат.
Оваа средба доаѓа во време кога МПЦ ОА го очекува Томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност како и посетата на Вселенскиот патријарх која беше најавена лично од Вартоломеј по канонското признавање.
Рускиот митрополит Антониј лани во декември тајно одржа средба и со бугарскиот патријарх. Како што пренесуваат медиумите неговата примарна работа е црковната дипломатија и штитење на рускиот црковен и национален интерес.
Бугарски „Фактор.бг”, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.
Бугарските меидуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна” средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА, но ја призна нашата црква како Православна црква на РСМ.