Претседателот на Србија Александар Вучиќ предупреди дека на Србија може да и се случи македонско сценарио доколку почна да исполнува се што ќе побара ЕУ, па дури и да печатат учебници на бугарски јазик.
„Да воведевме санкции кон Русија, следниот ден ќе побараа од нас да го предадеме Косово. Ако ги направевме и двете, ќе ни речеа дека мора да раскинеме со минатото и да уапсиме уште 500 луѓе во Србија за да „поминете низ катарзата и станете дел од нашата обединета Европа“. Ако го исполнивме сето тоа, тогаш ќе ни речеа дека не печатевме доволно учебници на бугарски јазик и дека би било добро да воведеме посебен дијалект на југ.Ако го направивме тоа, тогаш ќе речеа дека кирилицата не треба да се користи-предупреди Вучиќ.