Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Унијата е многу вознемирена поради ситуацијата на северот на Косово и апсењето на Србите без правна основа.

„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово – апсењето на косовските Срби без правна основа и маршот на косовските безбедносни сили низ Јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Борел на Твитер.

„И покрај вчерашната кризна средба, ескалацијата продолжува и станува опасна, нема да ја толерираме“, изјави шефот на европската дипломатија.