Ќе продолжиме да работиме напорно и да ја градиме нашата Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој објави видео на Инстаграм во кое најави големи инвестиции во транспортната инфраструктура на оваа соседна земја.
– За една година ќе завршиме пет автопати и експресни патишта. И покрај кризата што го зафати светот, ние не се откажуваме од ниту една инвестиција. Ќе продолжиме да работиме напорно и да ја градиме нашата Србија, објави Вучиќсвојата на својот профил на Инстаграм.
Тој најави дека ќе продолжат и инвестициите во железницата, бидејќи тоа е важно за развојот на Србија.
Вучиќ денеска во Палатата Србија се обрати до нацијата, каде што ги истакна приоритетите на земјата во наредниов период.