Производството на струја со српски гас во Македонската централа Те-То не е дел од енергетскиот план кој српскиот Претседател утрово го презентираше во своето обраќање до јавноста. По новиот пакет санкции за Русија со кој Европа во Хрватска го затвори вентилот на нафтоводот преку кој Србија добиваше евтина руска нафта, официјален Белград ги ревидираше енергетските стратегии. Во нив не е и планот на македонската Влада со српски гас да го грее Скопје.
Македонскиот Премиер и натаму не се откажува од идејата.
Наместо да чека нафта преку Хрватска, сега Србија почнува интензивна изградба на нов нафтовод до Унгарија кој планира да го заврши за помалку од 2 години.
Вучиќ утрово на српските граѓани им го презентираше и предлогот кој го добил од Германија и Франција кој подразбира Србија да му овозможи интеграција на Косово во меѓународните институции а во замена да добие брз влез во Европската Унија. Вучиќ вели дека институциите во Белград ќе разговараат за овој предлог потенцирајќи го својот став дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Остана и на позициите дека и покрај сите притисоци, Србија нема да воведе санкции против Русија