Сообраќај за автомобили и автобуси е воспоставен над мостот на Крим, кој утрово беше оштетен во експлозија, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Во моментов сообраќајот е отворен за автомобили и автобуси, со максимални проверки“, напиша Аксјонов на социјалната мрежа Телеграм. Тој изјави дека во текот на денот ќе започнат поправките на мостот на Крим, пренесува Тасс.

„Работата на реконструкцијата на мостот на Крим нема да зависи од бирократијата. Ќе започнеме денеска, штом Истражниот комитет и Федералната служба за безбедност ќе завршат со својата работа“, рече Аксјонов.

Мостот кој го поврзува полуостровот Крим со континентална Русија е оштетен утрово поради експлозија на камион-бомба. Експлозијата на камионот предизвика пожар на седум цистерни со гориво на товарниот воз, што доведе до делумно уривање на две сообраќајни ленти на коловозниот дел од мостот.Во инцидентот загинаа три лица, потврди официјална Москва.